Генералниот секретар на НАТО Јаап де хоп Шефер смета дека Авганистан мора да ја интензивира борбата против Талебан
До Авганистан е да ја подобри својата влада и засили поддршката за своите сили за безбедност, рече Шефер на средбата на министрите за одбрана на НАТО во Вилнус, Литванија. Тој ја акцентираше потребата од борба против корупција, изградба на ефикасна полициска сила, и мерки против произведувачите на опиум.
На дводневната средбата се води жива расправа за барањето на Вашингтон за засилување на борбените сили во јужен Авганистан. Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс врши притисок врз членките на НАТО да испратат повеќе војници за операците против бунтовниците на Талебан.