По вчерашното успешно лансирање од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида, спејс-шатлот Атлантис на пат за Меѓународната вселенска станица, каде треба да пристигне во сабота.
Атлантис со себе носи модул-лабораторија на Европската всленска агенција вредна две милијарди долари. Во екипажот на Атлантис се и германскиот астронаут Ханс Шлегел и францускиот Леополд Ејфартс, кои ќе помогнат во инсталирање и активирање на лабораторијата.