Линкови за пристапност

Мекејн се фокусира на директните претседателски избори


Сенаторот Џон Мекејн се фокусира на директните претседателски избори во ноември откако неговиот главен ривал во републикански редови, поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни реши да ја запре својата предизборна кампања.

Мекејн вчера се обиде да ги придобие конзервативните републиканци во говорот пред партиски активисти во Вашингтон, кои се против ставовите на Мекејн за имиграционите реформи. Мекејн подвлече дека во целата кариера се залагал за конзервативните принципи. Ромни претходно најави дека се откажува од натамошната трка со цел републиканците да го насочат вниманието на директните претседателски избори против демократскиот кандидат – или сенаторката Хилари Клинтон, или сенаторот Барак Обама.

XS
SM
MD
LG