Претседателот Буш ја посети сојузната држава Тенеси, во обиколка на подрачјата погодени од серијата торнада што однесоа најмалку 57 човечки животи и причинија значителна штета на југот на САД.
Буш рече дека сакал да ги увери локалните жители дека сонародниците Американци се со нив и дека федералната влада ќе им помогне во обновата.
Само во Тенеси загина 31 лице, а 180-тина беа повредени. Торнадата опустошија делови на соседните држави Арканзас, Кентаки и Алабама. Федерални и локални екипи за вонредни ситуации работат на теренот заедно со жителите на расчитување на урнатините.