Линкови за пристапност

Мит Ромни се повлече од трката


Ромни тоа го соопшти во Вашингтон, два дена по победата во некои сојузни држави во супер-вторникот, но не доволно за да го победи ривалот Џон МекКеин.


Тој рече дека ако продолжи да се натпреварува со МекКеин, тоа ќе го попречи лансирањето на национална кампања, што ќе направи полесно за демократските претседателски кандидати, Хилари Клинтон или Барак Обама, да победат.


Тој кажа дека двајцата Демократи јасно кажале дека сакаат повлекување од Ирак, заради што тој не може да дозволи неговата кампања да биде, како што рече, помагање да се потклекне пред теророт.


МекКеин кажа дека е лидер меѓу Републиканците по гласањето на супер-вторникот кога повеќе од 20 држави одржаа номинирачки натпревари. Тој сега има повеќе од половина од делегатите потребни за партиска номинација за претседател.


Поранешниот гувернер на Арканзас, Мајк Хакаби, останува во републиканската трка, заедно со Рон Пол, законодавец од Претставничкиот дом, кој е многу назад.

Кај Демократите, Клинтон и Обама освоија важни победи во вторникот, но никој не е дефинитивен победник. Сега тие се фокусираат на саботната трка во Луизијана и во вторник во Вашингтон ДЦ и државите поврзани со него, Мериленд и Вирџинија.

XS
SM
MD
LG