Линкови за пристапност

ЕК се надева дека Македонија ќе ги спроведе потребните реформи за да добие датум за преговори за членство


По најавата на комесарот за проширување на ЕК Оли Рен дека Македонија во март ќе добие услови што ќе треба да ги исполни до крајот на годината, со што би се овозможил почеток на преговорите за членство, вчера и завчера во посета на Скопје беше директорот на Директоратот за проширување на ЕК, Мајкл Ли. По средбите со релевантните фактори во државата за процесот на европските интеграции, на кои станало збор за текот на реформските процеси што се неопходни да се забрза интеграцијата во ЕУ, Мајкл Ли порача дека Комисијата верува оти Македонија до крајот на годината би можела да ги направи потребните реформи што ќе и` овозможат да добие датум за преговори за членство во ЕУ:

- ЕК верува дека ќе има политичка волја и дека ќе се вложат потребните напори за да се реализираат приоритетите во текот на 2008-ма. Се надеваме дека нашиот извештај оваа есен ќе може да констатира дека е направен доволен прогрес за Македонија да го направи следниот чекор во европските интеграции, изјави по средбите во Скопје Мајкл Ли. Според најавите на ЕК, Советот на министрите на ЕУ, што ќе се одржи во март во Словенија, ќе ги дефинира условите што Македонија треба да ги исполни до крајот на годината за да може да добие зелено светло за почеток на преговори за членство.

XS
SM
MD
LG