Резултатите од денешните избори ќе имаат големо влијание за тоа кои кандидати за претседател од Демократската и Републикнската партија ќе се соочат на директните избори во ноември.
24 од 50-те сојузни држави денес одржуваат прелиминарни избори или партиски изборни состаноци. Системот варира од држава во држава, но победниците во секоја од нив ги освојуваат гласовите на делегатите за партиските изборни конвенции што ќе одржат подоцна годинава.
Анкетите отсликуваат тесна трка на демократска страна меѓу сенаторите Барак Обама и Хилари Клинтон. Особено жестока битка се води за густо населената Калифорнија, со најголем број на делегати.
Кај републиканците, анкетите му даваат добра предност на сенаторот Џон Мекејн пред најголемиот конкутент, поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни.