Линкови за пристапност

Двајцата демократи заедно  против Републиканците


Кандидатите за претседателска номинација од Демократската партија го напуштија непријателскиот тон што беше карактеристика на нивната дебата од минатата недела, пред прелиминарните избори во Јужна Каролина, што Обама ги доби со голема предност.

Овој пат тие ги нагласија своите разлики, но и заедничките гледишта по многу прашања, како што е илегалната имиграција.


И двајцата рекоа дека треба да бидат избрани за Белата Куќа заради нивните квалитети и заслуги. И двајцата го критикуваа главниот републикански претседателски кандидат Џон МекКеин заради неговата поддршка на војната во Ирак и за поддршка на претседателот Буш за намалување на даноците.

Тоа беше нивно прво соочување на дебата еден на еден и последно пред многу очекуваниот супер-вторник кога 22 држави ќе се изјаснат за тоа кого преферираат за претседателски кандидат од Демократската и од Републиканската партија.


XS
SM
MD
LG