Поранешниот сенатор вчера ја заврши својата кампања. Тој кажа дека дека верува оти Демократите ќе ја освојат Белата Куќа, како и дека самиот ќе продолжи да работи на прашањата за кои се залагаше во камањата, како што е грижа за сиромашните Американци.
Соочувањето на републиканските кандидати на дебата пред многу возбудливиот супер вторник беше синоќа. Во Регановата библиотека во Калифорнија, сенаторот од Аризона Џон МекКеин и поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни имаа жешка размена на зборови. Во дебатата учествуваа и тексашкиот конгресмен Рон Пол и поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Хакаби, кои не оставија силен впечаток.
Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк ја напушти трката, давајќи му ја својата поддршка на МекКеин.