Линкови за пристапност

Последни соочувања на претседателските кандидати пред супер-вторникот


Поранешниот сенатор Џон Едвардс вчера ја заврши својата кампања. Тој кажа дека дека верува оти Демократите ќе ја освојат Белата Куќа, како и дека самиот ќе продолжи да работи на прашањата за кои се залагаше во камањата, како што е грижа за сиромашните Американци.

Соочувањето на републиканските кандидати на дебата пред многу возбудливиот супер вторник беше синоќа. Во Регановата библиотека во Калифорнија, сенаторот од Аризона Џон МекКеин и поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни имаа жешка размена на зборови. Во дебатата учествуваа и тексашкиот конгресмен Рон Пол и поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Хакаби, кои не оставија силен впечаток.

Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк ја напушти трката, давајќи му ја својата поддршка на МекКеин.

XS
SM
MD
LG