Линкови за пристапност

Победа на МекКеин во Флорида


Поранешниот пилот на Морнарицата и воен затвореник од Виетнам Џон МекКеин ги доби третите поголеми републикански прелиминарни избори: Појавувајќи се по изборите, тој рече:

-Нашата победа може да не е огромна по пропорции, но е слатка.

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни, победник на претходните две гласања, во Флорида се пласираше втор.

Руди Џулијани го доби разочарувачкото трето место.

Џулијани се очекува денес да објави дека се откажува од натамошната трка и дека својата поддршка ќе му ја даде на МекКеин.

Поранешниот гувернер на Арканзас, Мајк Хакаби, иако без победа последниотв месец, ветува дека ќе продолжи со кампањата.


Победник од Демократската партија е сенаторот Хилари Клинтон, но тоа нема да и помогне многу. Партијата на Флорида и ги одзеде делегатите како казна што заради непочитување на партиските правила и закажување на рани прелиминарни избори.

Барак Обама во тоа време беше во Канзас, една од 20тината држави кои во вторник ќе го кажат својот збор.



XS
SM
MD
LG