Русија ја предупреди Европската унија поради планот за полициска мисија на Косово, велејќи дека за таквиот потег најпрвин е потребно одобрување од ОН.
Во денешната изјава на руското Министерство за надворешни работи стои дека каков и да е` едностран потег за испраќање на мировници би претставувал прекршување на меѓународното право.
Водачите на ЕУ одобрија план за испраќање на полициска и административна мисија на Косово кога етнички-албанските косовски лидери, како што се очекува, ќе објават независност од Србија во наредните недели.
Србија и нејзиниот историски сојузник Русија се противат на независноста на Косово, додека клучните европски земји и САД ја поддржуваат.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун минатата недела одби да каже дали го поддржува планот на ЕУ, како и дали претходните резолуции на Советот за безбедност даваат правна основа за мисијата.