Линкови за пристапност

Флорида денес гласа на прелиминарни избори


Анкетите укажуваат на неизвесна трка меѓу поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни и сенаторот од Аризона Џон Мекејн. Флорида се смета за критичен тест пред 5 февруари – таканаречениот „супер-вторник“ - кога во повеќе од 20 сојузни држави ќе се одржат прелиминарни избори и партиски изборни состаноци и за демократите, и за републиканците.

Во републиканската трка заостануваат поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани, кој поголемиот дел од кампањата го фокусираше на Флорида, и поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Хакаби, кој победи на партиските изборни состаноци во Ајова на 3-ти јануари.

Меѓу демократските претседателски кандидати, сенаторот од Илиноис Барак Обама вчера јавно доби поддршка од сенаторот од Масачусетс Едвард Кенеди, член на познатото семејство со долг стаж во политиката, а на кое му припаѓаше и покојниот претседател Џон Ф. Кенеди.

XS
SM
MD
LG