Гласот на Америка остро го осуди нападот врз сопственикот на радио-мрежата Канал 77 Горан Гаврилов, станицата партнер на нашата редакција.
Директорот на Гласот на Америка Денфорд Остин повика на темелна истрага на околностите на бруталниот напад врз Гаврилов. Остин во изјавата подвлекува дека толерирањето на такво насилство врз медиумите би значело чекор назад за Македонија.