Роден во 1921, како син на локален иригационен работник, на Сухарто му се дава кредит за извлекување на земјата од длабоката сиромаштија.
Но критичарите велат дека бил брутален диктатор чија влада убила стотици илјади Индонежани.
Сухарто дојде на власт во 1967, преземајќи ја власта од првиот претседател на Индонезија, Сукарно.
Тој ја презеде власта откако задуши пуч поддржан од комунистите, по интензивна битка за власт во која беа инволвирани и армијата и исламското движење.
Откако трупите на Сухарто го зазедоа Источен Тимор во 1970тите, тој беше обвинет за убиства и тортура, слично како што тој тврдеше за комунистите кусо време откако дојде на власт, период за кој се проценува дека се убиени половина милион Индонежани од човекот за кого многумина велат дека бил диктатор.
Во текот на трите децении Сухарто со железна рака ја водеше Индонезија низ значаен економски растеж и стабилност.
Ед Мастерс беше американски амбасадор во Џакарта од 1977 до 1981:
-Мислам дека во тој прериод, седумдесетите и раните 80ти, дрматичен напредок беше направен на многу полиња, а особено во намалувањето на сиромаштијата. Тој затекна општествен производ по глава на жител од 70 долари, а на крајот на неговата ера беше 1100 долари.
Почетокот на владеењето на Сухарто беше дипломатски и економски поддржан од западните сили.
Но во доцните 1990ти тоа се промени – со тврдења за авторитарна контрола и наводи за корупција.
Кога националната валута, рупија доживеа колапс, индонезискиот корпорациски и банкарски систем пропадна.
Масовни студентски протести во 1998 бараа оставка на Сухарто.
Мастерс вели дека Сухарто тоа го избегнал со отворање на политичкиот систем во земјата.
Последните години Сухарто ги мина во виртуална изолација. Здравјето полека го напушташе. Обидите да биде суден за корупција и непотизам не успејаа. До денeс нема консензус за тоа каков лидер бил Сухарто.