Едвард Кенеди додаде дека Обама може да ја обнови вербата на Американците дека допрва доаѓаат подобри денови.
Поддршката на Кенеди за Обама доаѓа по големата победа на сенаторот од Илиноис врз Хилари Клинтон во примарните избори во Јужна Каролина.
Во републиканскиот табор, претседателските кандидати, поранешниот гувернер од Масачусетс Мит Ромни и сенаторот од Аризона Џон Меккејн се во тесна трка спроти денешните примарните избори во Флорида. Примарните гласања во оваа сојузна држава се сметаат за особено важни спроти прелиминарните партиски избори во 22 сојузни држави на ист ден – 5-ти февруари – таканаречен супер-вторник.