Линкови за пристапност

Стејт департмент:  Грција и Македонија да продолжат да работат на компромис


„За некои работи е потребно повеќе време“ - вака коментираше заменик-портпаролот на Стејт департментот Том Кејси на синоќешниот редовен прес-брифинг, на упорно инсистирање на грчки новинар да даде изјава за фактот дека и по 15 години не е најдено решение во врска со разликите околу името.

САД разбираат дека ова е чувствително прашање и за Грција и за Македонија, рече Кејси, и дека затоа е важно да дојде до компромис и заедничка спогодба меѓу нив со посредство на ОН. „Посекако дека посакуваме тоа да беше разрешено порано, но би сакале да ги охрабриме двете страни да продолжат да работат на него, бидејќи е важно да биде постигнато решение прифатливо за обете страни“, кажа синоќа Кејси.

XS
SM
MD
LG