Линкови за пристапност

Спогодба за стимулирање на забавената американска економија 


Американскиот претседател гo повика Конгресот итно да ја усвои мерката, бидејќи, како што рече, на земјата во моментов и`е потребен економски поттик.

Претседателот на Претставничкиот дом во Конгресот Ненси Пелоси пак ги пофали републиканските колеги за соработката на планот. Најави дека ако пакетот не ја стилулира доволно економијата, ќе следат нови мерки.

Со оваа економска инфузија Американците со средни и ниски примања ќе добијат еднократен паричен износ до 600 долари, а во некои случаи и повеќе. Парите ќе исплатат во вид на даночно враќање.

Пакетот економски стимулации е привремена мерка и се очекува да тежи околу 150 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG