Линкови за пристапност

ДОМ против изградба на нуклеарна централа во Македонија


Демократската обнова на Македонија се спротивставува на најавите дека на Македонија и е неоппходна нуклеарна централа, како еден од излезите од тешката енергетска ситуација. Тони Ристов од ДОМ, за партискиот став за евентуалната изградба на нуклеарка во Македонија, кој како сооппштение денес беше испратен до медиумите, за Гласот на Америка на македонски јазик изјави:

-ДОМ е против изградба на нуклеарна централа во Македонија. Сметаме дека тоа е високо ризичен потфат, за кој во државата нема потребна техничко-технолошка култура и стручна екипираност. ДОМ е против иградбата и затоа што тоа би значело дека си поставуваме нуклеарна бомба во сопствениот дом. Просторно Македонија е премала за изградба на нуклеарна централа и за складирање на радиоактивниот отпад кој се јавува при процесот на производство на електрична енергија. Воедно, на долгорочен план една ваква инвестиција е штетна за животната средина и со негативни влијанија по здравјето на луѓето. Македонија решението за излез од енергетската криза треба да го бара во алтернативните извори на енергија: сонцето, ветерот, гасот, хидропотенцијалот, биогоривата, геотермалните извори... Македонија и Европа мора да бидат ослободени од заканите кои со себе ги носи нуклеарната енергија. Европа бара нови извори на енергија и за таа намена има одвоено огромни ресурси за истражување и искористување на нови видови енергија

ДОМ и дава силна поддршка на иницијативата за изградба на централа на гас во Скопје и испраќа апел до Владата и до надлежните институции, во иднина да ги поддржат таквите проекти.

XS
SM
MD
LG