Линкови за пристапност

Администрацијата бара Законот за прислушкување да биде траен


На контроверниот закон што ја регулира способноста на владата да прислушкува странци, осомничени за тероризам, му истекува важноста следниот месец. Администрацијата сега бара од Конгресот законот да го направи постојан, но критиката вели дека неговото останување значи прекршување на правото на Американците на приватност.


Актот за заштита на Америка, како што е називот на овој закон, е базиран на друг закон, од 1978, познат како Акт за странско разузнавачко следење, но проширен на новата технологија – електронска пошта и мобилни телефони.

Конгресот го усвои привремениот закон во август. А во средата потпретседателот Дик Чејни побара од законодавците да го направат траен пред истекувањето, на 1 февруари. Тој зборуваше во Фондацијата Херитиџ, независна истражувачка група во Вашингтон:


-Борбата против теророт е долгорочна и бара долгорочни институционални промени. Предизвикот за државата не истече за шест месеци и нема да истече наскоро. Не треба да пишуваме закони кои се преправаат дека е поинаку, вели Чејни.

Потпретседателот наедно побара да се даде законски имунитет на компаниите за комуникации кои им помагале на властите во собирањето информации од 2001 наваму.


Многу Демократи во Конгресот сметаат дека овој закон ги прекршува граѓанските слободи на Американците. Особено што законот и дозволува на владата да прислушкува без судски налог, дури и кога странците комуницираат со американски граѓанин.


Во ноември, Претставничкиот дом усвои ревидирана верзија на законот со барање за судски налог, но не вклучи провизија за имунитет. Сенатот сега работи на сопствена верзија.

XS
SM
MD
LG