Линкови за пристапност

Агресивен  обид за поттикнување на економијата во САД


Соопштението дојде како изненадување на само еден ден по големиот потрес на меѓународните пазари.


Акциите на Вол Стрит продолжија да паѓаат и покрај намалувањето на стапките. вИндустрискиот индекс Дау Џонс изгуби повеќе од 400 поени пред да надомести дел од загубата. Финансиската нестабилност даде чувство на итност на планираната средба меѓу претседателот и конгресните лидери. Претседателот Бушизрази увереност дека планот ќе се реализира, но сепак побара трпение за 145 долари тешкиот пакет за стимулирање на економијата:


-Овие лидери се решени да ја завршат работат , но треба да бидеме реалистични за тоа колку брзо тоа може да се случи.

Пазарите на акции во светот претпеа силен удар заради стравувањето дека американската рецесија може да ги погоди економиите на земјите кои тргуваат со САД. Јапонскиот министер за финансии вели дека сеуште нема причина за очај, но аначлитичарот за инвестиции од Хонг Конг, Хуан Чанг Лин предлогот на Буш да се ревитализира економијата дошол доцна.


Ова е спротивно од она во што верува американскиот секретар за финансии, Хенри Полсон, кој пред американската Стопанска комора кажа:

-Ова му покажува на светот дека нашата централна банка е агилна и способна да реагира брзо на пазарните услови.

Од демократските претседателски кандидати најбрзо реагираше Хилари Клинтон. Таа бара претседателот да стори повеќе за американските семејства:

-Императив е претседателот и неговиот тим да внесат доверба за компетентноста на владата, дека може да се справи со она што изгледа дека е глобална криза и што може да не турне во длабока рецесија. Мора да сториме се тоа да се избегне.

Аналитичарите очекуваат уште едно намалување на каматните стапки, за четвртина процентен поен, што ќе ги доведе на 3,25 проценти.

XS
SM
MD
LG