Линкови за пристапност

Полициска акција во Арачиново


Убиен Насер Небија, осомничениот за неодамнешниот напад врз полициската патрола во Автокоманда во кој загина еден полицаец, припадник на единицата „Тигри“.

Во полициската акција вчера попладне за негово приведување, Небија пружил вооружен отпор, по што бил застрелан во неговата семејна куќа.

Полицијата до доцна вршеше увид на местото на настанот. Кордон од полицајци ја обезбедувал куќата на Небија, при што влез им бил дозволен само на членовите на неговото семјество. Не им бил дозволен пристап ниту на градоначалникот на Арачиново Музафер Беслими ни на пратеникот Сафет Незири, кои поради тоа најавија дека од денеска Арачиново ќе се движи по друг курс и нема да соработува со полицијата:

- Револтот на населението е поради тоа што била извршена полициска акција, каде што нема никакви сознанија што се случува. Јас како пратеник во Собранието на РМ исто така и градоначалникот на Арачиново Музафер Беслими, инсистиравме да појдеме до таму, до местото на настанот, за да видиме што нависитна се случило. Но жив кордон од полицајци речиси примени сила кон нас. Иако јас имам пратенички имунитет, тие не ми дозволија да поминам понатаму. Ние сме навикнале на монтирани процеси и затоа сакаме да ја увидиме реалната ситуација што се случила, но сепак тие не третираат како сите други што ги третирале во минатото.

- Само знаеме дека се случила престрелка, дека се слушнале истрели и ништо друго не знаеме. Ние, како што кажа и пратеникот, тргнавме да видиме што се случува меѓутоа бевме спречени да влеземе таму да видиме што се случува, а целиот увид што ќе го направат потоа апсолутно никој нема да им верува, бидејќи можат да се прават разни монтажи. И пратеникот, кажа, секаде во светот се знае како се апси, независно кој е осомничениот, изјавија тие.

Ова е втор обид за апсење на Небија, по нападот. Пред две недели полицијата изврши претрес во неколку куќи во Арачиново, при што Небија не беше пронајден, а беа откриени два украдени автомобили, и други предмети од кражби. Против Небија има судска потерница за издржување повеќегодишни казни затвор за грабнување и силување, за тешки кражби и разбојништва.

XS
SM
MD
LG