Линкови за пристапност

Паника на светските пазари



Рано денес цените на акциите во Европа беа нестабилни, значително паѓајќи на отворањето пред до некаде да се смират.


Во Азија исто така загубени беа околу 10 проценти во цената на акциите во Индија веднаш по отворањето, заради што на кратко размената беше суспендирана. Јужна Кореја, Хонг Конг, Јапонија, Сингапур и Кина – иста приказна.

Цената на сировата нафта исто така падна заради загриженоста дека бавната американска економија ќе ја ослабе побарувачката.


Милијардерскиот американски инвеститор и филантроп Џорџ Сорос вчера предупреди дека светот се соочува со најсериозна финансиска криза по Втората светска војна.


Првиот човек на ММФ, Доминик Страус Кан ситуацијата ја нарече сериозна и кажа дека сите земји во развиениот свет трпат последици од забавувањето на растежот во САД.

XS
SM
MD
LG