Линкови за пристапност

Сеќавање на сонот на Мартин Лутер Кинг


Денес Американците го слават животот на пионерот за граѓански права, Афро-Американецот Мартин Лутер Кинг Џуниор, кој беше клучна фигура за донесување промени во време кога американскиот југ беше сегрегиран.

-Имам сон дека еден ден оваа нација ќе се крене и ќе го исполни вистинското значење на своето кредо – Сметаме дека овие вистини се очигледни сами по себе, дека сите луѓе се создадени еднакви- со тој говор пред стотици илјади луѓе во Вашингтон во август 1963-та, Мартин Лутер Кинг помладиот ја крена американската јавност со својот речит повик за еднаквост за сите. Во 50-те и 60-те проповедаше ненасилство и учествуваше во многу протести и бојкоти, барајќи крај на сегрегацијата и расната дискриминација. Тоа беа пресвртни моменти во движењето за граѓански права во САД, што доведоа до усвојување на закони што гарантираат еднаков третман на афро-Американците и другите малцинства.

Секога година Американците го чествуваат раѓањето на Кинг преку национален празник. Курт Шмок во 1987-ма стана првиот афро-американски градоначалник на Балтимор, сојузната држава Мериленд.

Шмок укажува на сегашната претседателска трка во САД во која учествуваат и двајца сенатори – едниот афро-Американец, другата жена, поранешна прва американска дама. Шмоки вели дека фактот што Барак Обама и Хилари Клинтон се двата водечки демократски кандидати крева значајно прашање во однос на менувањето на американската сцена:

-Дали веќе стигнавме до тој момент, кога луѓето не се ценат според бојата на кожата, туку според нивните принципи, идеали, карактерот?

Секоја година е важно да помислиме на идеалите за кои говореше доктор Кинг, кој во основа велеше – дали живееме според идеалите на Повелбата за независност и Уставот?

На 4 април 1968-ма, Кинг падна како жртва на атентат во Мемфис, сојузната држава Тенеси. Имаше 39 години. Ноќта пред тоа кажа дека е свесен за константната закана по неговиот живот, но подвлече дека смртта на еден човек никогаш не ќе може да ја сруши надежта на милиони луѓе:

-Ја видов ветената земја. Можеби нема да пристигнам таму со вас, но вечерва сакам да знаете дека ние како луѓе сите ќе пристигнеме во ветенета земја. Така, јас вечерва сум среќен, не се грижам. Не се плашам од кој и да е` човек. Моите очи ја видоа славата на доаѓањето на Бога.

XS
SM
MD
LG