Во говор во Белата куќа во петокот, тој кажа дека стимулативниот пакет мора да биде доволно голем за да ја поттикне економијата и им понуди на потрошувачите опсежно намалување на даноците за да предизвика поголема потрошувачка. Тој исто така кажа дека посакува даночните стимулација да ги охрабри биснисите да направат поголеми инвестиции и вработат повеќе луѓе.
Претседателот кажа дека имал охрабрувачки разговори со клучни членови на Конгресот од двете партии, и рече дека верува оти предлогот ќе започне да функционира наскоро.
Буш не даде детали за неговиот план, но веќе објавени извештаи велат дека планот вклучува 800 долари даночни скратувања по жител.
Во четвртокот, раководителот на американската Централна банка, Бен Бернанки пред конгресна комисија изјави дека навремениот стимулативен пакет може да и го даде посакуваниот импус на економијата .
Тој зборуваше по многубројните песимистички извештаи за состојбата на изградбата на домови и воопшто во индустријата ање и индустријата кои во пазарот на акции оставија драматичен негативен белег.