Линкови за пристапност

Современ дизајн и економична потрошувачка на Авто-саемот во Детроит


Во сабота во Детроит ќе биде отворен најголемиот саем на автомобили во светот. Годинава доминираат модели со најсовремен дизајн и економична потрошувачка на гориво.

Организаторите планираат да ги уверат потрошувачите дека стилот и јачината на моторот не мора да бидат жртви на модификациите во новите, поеколошки автомобили:

- Насловот на годинешниот саем на автомобили треба да биде – зелено. Зелено, но истовремено и секси, удобно, корисно, вели уредникот на магазинот „Кар енд драјвер“ Чаба Зере, кој додава дека и покрај зголемените цени на бензинот, темата што ќе преовладува на аемот е - „не мора да се откажете од ништо“:

- Луѓето сакаат помала потрошувачка, но не сакаат да се откажат од корисноста, просторот и комфорот.

Во тој контекст се хибридот Сатурн Вај, кој влече исто како и верзијата на бензин, или пак новиот „екобаст“ мотор на Форд, што како хибрид комбинира повеќе километри по литар гориво и забрзување на турбо-погон. Дури и некои добро познати „голтачи“ на гориво годинава одат со мотото – „зелено“: компанијата Хамер го претстави новиот модел Х5, кој може да вози на етанол и био-горива.


Хибридот на напојување Фискер Карма чини 80.000 долари, но затоа може да извози 965 километри со еден резервоар.

Крајслер Ековојаџер дури не ни користи бензин, благодарение на новата технологија на водородно гориво.

Во Џенерал Моторс, пак, најавуваат дека веќе вршат експерименти со мотори кои ќе работат на – гориво од отпад.

Аналитичарите сметаат дека големата тројка авто-концерни од Детроит – Џенерал Моторс, Форд и Дајмлер-Крајслер на Американците во иднина ќе им нуди помали автомобили со намалена потрошувачка, во време кога се натпреварува против азиските конкуренти кои сега држат над 40 проценти од пазарот на автомобили во САД.

XS
SM
MD
LG