Линкови за пристапност

Експерти ја оценуваат блискоисточната мисија на Буш


Џорџ Буш на осумдневната турнеја подвлече дека и израелските и палестинските лидери се решени да постигнат мировно решение, што меѓу другото предвидува палестинска држава која мирољубиво би егзистирала веднаш до Израел. Тој повика и на демократски реформи во регионот каде доминираат монархии и останати форми на автократско владеење.

Експертот за Блискиот Исток Скот Ласенски од Американскиот институт за мир смета дека е тешко таквата идеја да биде прифатена:

- Предизвикот за претседателот и владата е да изнајдат начин да ги убедат арапските лидери и јавноста во регионот дека не мора да ја компромитираат стабилноста и безбедноста за каузата на домашни реформи.

Буш предупреди и на иранските нуклеарни и регионални амбиции. Посетата се совпадна со инцидентот во Персискиот Залив меѓу американски морнарички бродови и глисери на иранската армија.

- Иранските потези се закана по безбдноста на сите земји. САД ја зајакнуваатз заложбата со долгогодишните пријатели во Заливот, и ги обединуваат пријателите ширум светот да се спротиставиме на оваа закана додека не е предоцна, изјави Буш во рамки на посетата.

Даниел Плетка од конзервативниот институт Американ Ентерпрајз коментира на прашањето дали Буш успеал да ги убеди арапските лидери на оваа тема:

- Зад сцената тие јасно воочиле дека се стравуваат од Иран. Но, внимателни се: доколку не може да сметаат на САД да се спротистави на Иран, тие посекако нема самите да го сторат тоа. Сега токму тоа го прават: бараат начин за нивниот однос кон Иран.

XS
SM
MD
LG