Поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни, победи на прелиминарните избори во Мичиген, со што три различни републикански кандидати победија во првите три прелиминарни партиски гласања досега за претседателските избори во ноември 2008-ма.
Сенаторот Џон Мекејн претходно победи во Њу Хемпшир, а поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Хакаби во Ајова.
Ромни, кој потекнува од Мичиген, изјави дека ова е победа на оптимизмот против песимизмот од фицијалните кругови во Вашингтон, и најави дека, доколку стане претседател, ќе го поправи „нефункционалниот владин систем“.
Сенаторот Хилари Клинтон победи меѓу Демократите, иако практично и немаше натпревар. Нејзините главни ривали, сенаторите Барак Обама и Џон Едвардс се повлекоа од изборите во оваа сојузна држава.