Линкови за пристапност

Буш го поттикнува ОПЕК да го зголеми производството


Претседателот Буш јавно го поттикнува ОПЕК да го зголеми снабдувањето на меѓународните пазари со нафта, и тоа го прави додека е во најголемата држава производител на нафта во светот.


Зборувајќи пред мала група новинари во Ријад, претседателот сакаше да го приближи до нив влијанието на високите цени на нафтата врз САД и насекаде.

Со цените на нафтата кои неодамна достигнаа сто долари за барел, господинот Буш кажа дека американските потрошувачи страдаат. Тој предупреди дека високите енергетски цени може да им наштетат на консумирачките економии.

Порано вчера за време на средбата со саудиските

стопанственици, претседателот рече дека ќе го покрене прашањето со саудискиот крал Абдула:

-Зборував со амбасадорот и повторно ќе зборувам со неговото височество вечерва за фактот дека нафтените цени се многу високи, што тешко ја погодува нашата економија и дека се надевам ОПЕК да земе предвид различни производни нивоа, како и да разбере дека еден од нивните најголеми потрошувачи, ќе почне да купува помалку и помалку нафта и гас ќе бидат продадени.

Запрашан за повикот на претседателот ОПЕК да го зголеми производството, Саудискиот министер за нафта не вети ништо:

-Ќе го зголемиме производството кога пазарот тоа ќе го оправда. Тоа е нашиот став.

Друго прашање што претседателот овде го покрена е Иран.

На средба со новинарите тој уште еднаш зборуваше за инцидентот од 6 јануари што инволвира брзи ирански чамци и американски бродови во Заливот. Претседателот кажа дека Иран треба да биде внимателен и дека ќе има сериозни последици доколку Иранците нападнат американски брод во меѓународни води.

Сепак, господинот Буш на новинарите им кажа дека ги уверил арапските лидери на неговата блискоисточна турнеја дека сака прашањето да го реши дипломатски.





XS
SM
MD
LG