На 21-ви јануари во Охрид ќе се одржи нова средба меѓу македонските и грчки преговарачи за разликите околу името под посредство на Метју Нимиц, личниот пратеник на генералниот секретар ОН. Според информацијата од Канцеларијата на портпаролот на Генералниот секретар на ОН, разговорите посветени на „прашањето во врска со името и сродни теми“ ќе ги отвори министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски.
Ова е прва во серијата средби што Нимиц ги најави за време на посетата на регионот, стои во кусото соопштение, според кое, доколку биде направен напредок на средбата во Охрид, наредната ќе се одржи во Грција.
Ова е по првпат да се одржат директни разговори во регионот. Тие вообичаено се водеа во Њујорк.