Линкови за пристапност

Буш во Саудиска Арабија


Џорџ Буш на аеродромот во Ријад синоќа беше дочекан од првиот човек на Саудиска Арабија, кралот Абдула.

За време дводневната посета, се очекува Буш да го брифира Абдула за минатонеделните разговори со израелските и палестински водачи. Официјални ица велат дека на дневен ред ќе биде и - како што се истакнува од американска страна - иранската закана по стабилноста, како и дека Буш ќе изврши притисок за поголеми слободи на Блискиот Исток. На средбите меѓу Буш и саудиските лидери се очекува да стане збор и за продажба на оружје.

Претходно, за време на кусата посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, Буш на тркалезна маса со млади арапски лидери од ширум регионот порача:

- Ќе ви одговарам на прашањата и исто сакам да разберете едно нешто за Америка: дека ве почитуваме, ја почитуваме вашата вера, и сакаме да работиме заедно за слобода и мир.

Во говорот во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати во неделата, пак, американскиот претседател го обвини Иран дека е „главната држава-спонзор на тероризмот во светот“, како и дека владата во Техеран испраќа оружје и финансиска поддршка на милитантите во Ирак, Авганистан, Либан и палестинските територии. Техеран негира, и го обвинува Вашингтон за ширење на анти-иранско расположение во регионот.

Наредна и последна станица на блискоисточната турнеја на Буш е утре, во Египет.

XS
SM
MD
LG