Линкови за пристапност

Барнс им честиташе на косовските лидери за новата влада


Стејт департментот во писмената изјава наведува дека државниот потсекретар Барнс ги уверил косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи во целосна американска поддршка за што е можно поскоро решавање на финалниот статус на Косово. Тој ги повикува обајцата лидери да работат мирољубиво и одговорно за примена на решението за статусот.

Американскиот државен потсекретар наведува дека САД веруваат оти брзата примена на планот на посредникот на ОН Марти Ахтисари за надгледувана независност на Косово, како и на мерките за заштита на малцинставата во покраината, ќе промовираат стабилност и ќе овозможат - и на Косово, и на Србија - да се придвижат кон поголема соработка со НАТО и Европската унија.

Косовските пратеници во средата го избраа Сејдиу на уште еден претседателски мандат и ја потврдија коалиционата влада на Тачи.

XS
SM
MD
LG