Линкови за пристапност

Економијата и надворешната политика главни теми за републиканските претседателски кандидати


Републиканските кандидати синоќа на ТВ-дебата во сојузната држава Јужна Каролина се соочија за економијата во земјата и надворешната политика. Сенаторот Џон Мекејн, кој победи на последните прелиминарни избори во Њу Хемпшир, се заложи за конзервативните идеали на мали даноци и мала влада на покојниот претседател Роналд Реган. Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни ги критикуваше вашингтонските политички кругови дека се нестручни, додека Мајк Хакаби го нагласи својот економски учинок додека беше гувернер на Арканзас. Теми беа и последната конфронтација меѓу ирански и американски бродови во Ормутскиот Теснец и илегалната имиграција. Во Јужна Каролина ќе се одржат републикански прелиминарни избори на 19-ти овој месец.

Кај демократите, сенаторот Барак Обама, кој победи во Ајова, а во Њу Хемпшир се најде на второ место зад сенаторката Хилари Клитон, вчера доби поддршка од сенаторот Џон Кери, кој беше демократски кандидат за претседател на изборите во 2004-та. Гувернерот на Ново Мексико Бил Ричардсон, пак, се откажа од наамошната трка откако заврши на четврто место и во Ајова, и во Њу Хемпшир.

XS
SM
MD
LG