Линкови за пристапност

Буш во посета на  Кувајт


На средбата со кувајтскиот емир, шеикот Сабах Ал-Ахмед Ал-Сабах американскиот претседател ќе побара поддршка за својот блискоисточен план, ќе се осврне на растечкото иранско влијание во регионот и ќе посети баз на американските војници, каде ќе се сретне со главниот американски командант во Ирак, генералот Дејвид Петреус и амбасадорот во Ирак Рајан Крокер.

Претходно Буш имаше средби со израелските и плаестински лидери за постигнување на мировен договор и создавање на плаестинска држава. Буш се надева дека договорот може да биде постигнат пред да замине од функцијата следниот јануари. Наредни станици на турнејата се Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Египет.

XS
SM
MD
LG