Линкови за пристапност

Вашингтон објави видео снимка од инцидентот со Иран


Висок американски официјален претставник соопшти дека Иран мора да сноси последици, ако ирански чамци повторно ги предизвикаат американските бродови во Персискиот залив.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Стивен Хедли се осврна на неделниот инцидент во кој пет ирански брзи чамци, наводно управувани од припадници на иранската револуционерна гарда, им се приближиле и упатиле закани на американските бродови во Ормутскиот Теснец.

Хедли го окарактеризира инцидентот како провокативен акт, кој можел да резултира со расправија меѓу обете сили.

Американскиот оддел за одбрана објави видео во кое се гледа како член на американската морнарица се обидува да воспостави контакт со иранските чамци, како и оти го идентификува бродот како дел од коалиционите сили. Глас од иранските чамци се слуша како предупредува преку радио дека американскиот брод набрзо ќе експлодира.

Иранската државна телевизија пренесе изјава на официјален претставник од Револуционерната гарда, кој го опиша снимените материјал како фото-монтажа.

XS
SM
MD
LG