Линкови за пристапност

Православните христијани го слават Божиќ


За сите православни христијани кои времето го мерат според Јулијанскиот календар, денеска е Божиќ. За многумина празникот започна со миса на полноќ.

Претседателот Владимир Путин присуствуваше на таква во црква северно од Москва.


Микаил Сакашвили, свеж по победата на грузиските претседателски избори беше на иста миса со својот политички противник Леван Гачечилаџе.


Грчкиот православен патријарх Теофилос Трети го пречека палестинскиот претседател Махмуд Абас на полноќна миса во Црквата на христовото раѓање во Витлеем.

Но Божиќ годинава ќе биде прославен и во вселената. Русинот Јури Маленченко, според новинската агенција Интерфакс, ќе го одбележи празникот со своите двајца американски колеги на Меѓународната вселенска станица.

XS
SM
MD
LG