Линкови за пристапност

Ден пред гласањето во Њу Хемпшир, кампањата се поостра


Ова беше исцрпувачки викенд за претседателските кандидати, кои се обидуваат да го покријат цел Њу Хемпшир пред утрешните прелиминарни избори. Но освен водењето на својата кампања, тие се соочија лице-в-лице на дебати каде ги заострија меѓусебните напади.

Барак Обама е во залет. Илјадници го чекаат со часови да се појави на настани низ Њу Хемпшир.

Хилари Клинтон реагираше со одење од куќа до куќа поздравувајќи се со жителите на Манчестер.

Ново истражување на јавно мислење од Њу Хемпшир покажува дека Обама води пред Клинтон за десет поени.

На републиканска страна, Џон МекКеин води за шест поени пред Мит Ромни. Тој го напаѓаше Ромни во исто време тврдејќи дека тоа не е лично. Од друга страна, Ромни го нарече МекКеин – дел од скршен систем. Борејќи се за својот политички живот, Ромни беше жесток и со Мајк Хакаби, кој излезе прв меѓу Републиканците во Ајова.

XS
SM
MD
LG