Линкови за пристапност

Победа за Хакаби и Обама


Овие кокуси, или средби во мали локални групи низ целата сојузна држава на средниот запад беа прва шанса за гласачите на двете партии да кажат кого преферираат за претседателска номинација.

Во демократски кокус во Де Моин, Ајова, гласачите јавно го кажаа својот избор, за разлика од гласањето во поголемиот дел на САД.

Републиканците се сретнаа во слични групи, но гласаа приватно. Тие го избраа поранешниот гувернер на Арканзас и баптистички свештеник Мајк Хакаби, чија кампања покажа дека парите не се најважни:

-Се почнува овде, во Ајова, но не завршува тука. Ќе завршиме на Авенијата Пенсилванија број 1600 – рече тој, посочувајќи на адресата на Белата Куќа.


Демократите на Барак Обама му ја дадоа победата. Овој младолик сенатор од Илиноис беше полн со оптимизам:

-Избираме надеж наместо страв, избираме единство наместо поделлби и испраќаме силна порака за промена што доаѓа во Америка

Сенаторот Хилари Клинтон, поранешна прва дама која води меѓу демократите на национално ниво, заврши трета во Ајова, нешто после сенаторот Џон Едвардс кој водеше кампања, како што вели, против корпоративната алчност.

Гувернерот на Масачусетс, Мит Ромни другите кои продолжуваа понатаму:

-Вашингтон е скршен и ние тоа ќе го промениме, беше неговата порака.

Хилари Клинтон ветува борба во Њу Хемпшир и покрај третото место:

-Отсекогаш планиравме да водиме национална кампања и не застануваме по првичните натпревари.

Сенаторот Едвардс зборува за бран на промена што добро резонираше меѓу гласачите.

-Од Њу Хемпшир до Невада и Јужна Каролина, низ целата земја - вели тој.

Што е следното? Кандидатите ќе минат пет дена на кампања во североисточната држава Њу Хемпшир каде гласачите ќе излезат во вторник.

XS
SM
MD
LG