Последните анкети покажуваат тесна трка меѓу номинираните од редовите на Демократите, сенаторот од Илиноис Барак Обама, поранешниот сенатор Џон Едвардс од Северна Каролина и долгогодишниот истакнат Демократ, сенаторот Хилари Клинтон од Њујорк:
-Се натпреварувам во трката за претседател да ги обновам целите на Америка, да обезбедам позитивни промени кои Американците ги заслужуваат – во нивната држава и во светот.
Клинтон го подвлече нејзиното искуство во Конгресот и како прва дама. Taa се обидува да се спротивстави на пораката на Обама дека е најдобар кандидат кој ќе донесе промени во Вашингтон:
-Направете телефонски повик, чукнете на вратите, земете со себе пријатели од соседството, време е да направиме промени
Некои од последните истражувања на јавното мислење покажаа дека Едвардс го презема водството на листата и се обидува да ја капитализира перцепцијата во последните часови пред кокусите:
-Една од причините зошто имаме толку енергија е што добиваме одговор на нашата кампања за промена, која е против корпоративната завист и борбата за средната класа, што е основа на мојата кампања.
Во битката за номинација во Републиканскиот табор, последните анкети покажуваат тесна трка меѓу гувернерот од Арканзас Мајк Хакаби и поранешниот гувернер од Масачусетс Мит Ромни:
-Учествувам во оваа трка да им помогнам на американските граѓани од сите потекла да видат дека претстои светла иднина и дека нашата земја е силна за нашите деца и внуци.
Некои од последните истражувања на јавното мислење сугерираа дека Ромни води пред Хакаби откако оствари значително водство во изминатите недели во Ајова.
Хакаби смета на поддршката на гласачите од редовите на социјалните и религиозните конзервативци да му донесат победа.
Меѓу другите републикански конзервативци во Ајова ќе се натпреваруваат сенаторот од Аризона Џон Меккејн, поранешниот сенатор од Тенеси Фред Томсон и поранешниот градоначаник од Њујорк Руди Џулијани.
Меккејн своите напори ги фокусира во Њу Хемшир, каде ќе се одржат првите прелиминарни избори по гласањето во Ајова на 8-ми јануари.
Ромни ги напаѓа Хагаби и Меккејн со телевизиски платени политички пораки, но последните анкети во Њу Хемшир покажуваат дека е во изедначена позиција со поранешниот гувернер од Масачусетс:
-Нападнати сме од милиони долари на гувернерот Ромни и мислам дека граѓаните од Ајова и граѓаните од Њу Хемшир ќе го отфрлат тоа, затоа што мислам дека гувернерот Ромни тоа го прави многу често.
Околу 200.000 граѓани се очекува да земат учество во кокусите во Ајова. Гласачите ќе гласаат во локалните училишта, објектите каде се наоѓаат пожарникарите, со што ќе почне процесот за претседателска номинација кој, пак, ќе заврши со конвенции на обете партии – на крајот од август и почетокот на септември.
Американските претседателски избори ќе се одржат во ноември.