Линкови за пристапност

Буш за Нова година ги акцентираше економијата и ширењето на слободата


Иднината со надежи и можности започнува со јака економија - вели претседателот Буш во својата новогодишна честитка, подвлекувајќи дека и во 2008-ма владата ќе продолжи да го поттикнува економскиот растеж со цел Американците да имаат повеќе пари за инвестирање во своите бизниси, за своето семејство, и за да остават нешто настрана за иднина.

На надворешно-политички план, Буш вели дека САД во годината што измина продолжиле да работат на ширење на слободата и мирот ширум светот. „Америка е решена да ги порази терористите и ќе останеме во офанзива против непријателите на слободата. Во 2008-ма ќе продолжиме да бидеме рамо до рамо со партнерите од меѓународната заедница за да поставиме темели на мир за нашите деца и внуци“, стои во новогодишната честитка на американскиот претседател. Буш се заблагодарува и на американските војници за тоа што ја штитат земјата и ја бранат каузата на слободата.

XS
SM
MD
LG