Линкови за пристапност

Пакистан: можно одложување на изборите


И покрај барањата од политичката партија на убиениот опозициски лидер Беназир Буто изборите да се одржат според планираното, парламентарните избори најверојатно ќе бидат одложени.


Висок владин претставник и член на пакистанската изборна комисија денес кажа дека одложувањето е резултат на насилството штои ја зафати земјата по атентатот на Буто. Но конечна одлука ќе се донесе утре кога Изборната комисија ќе се состане.


Пакистанската Народна партија на госпоѓа Буто и политичката партија на поранешниот премиер Наваз Шариф велат дека секое одлагање на изборите закажани за осми јануари е неприфатливо.

Кризата во Пакистан денеска предизвика паѓање на вредноста на акциите за 4,7 проценти кога пазарот во Карачи повторно беше отворен по тридневната жалост по атентатот.

XS
SM
MD
LG