Линкови за пристапност

Погребана Беназир Буто


Стотици илјади Пакистанци денес присуствуваа на погребот на поранешната премиерка Беназир Буто која вчера падна како жртва на атентат. Таа беше погребана до својот татко во семејната гробница во покраината Синдх. Гневните симпатизери на Буто и денес продолжија со уличните протести, напаѓајќи полициски станици, владини објекти и палејќи автомобили. Најмалку 23 лица загинаа во немирите по атентатот.

54-годишната опозициона водачка беше убиена вчера во градот Равалпинди, додека заминуваше од собир на нејзината партија по повод парламентарните избори на 8-ми јануари. Пакистанскиот привремен премиер Мохамадиан Соморо денес изјави дека владата нема конкретни планови да го одложи гласањето. Еден од водачите на опозицијата и поранешен премиер Наваз Шариф најави дека неговата партија ќе ги бојкотира изборите. Пакистанскиот претседател первез Мушараф за атентатот врз Буто ги обвини терористите, објави тридневна жалост и повика на смиреност.

Само неколку часа пред атентатот, Буто даде интервју за Гласот на Америка, по средбата во пакистанскиот главен град Исламабад со авганистанскиот претседател Хамид Карзи. Буто кажа дека се договориле да работат заеднички на елиминирање на тероризмот и екстремизмот во регионот. Во интервјуто Буто го подвлекува ставот на својата партија за мирни решенија на конфликтите - како што вели – се` со цел да не патат народите, земјите и исламската цивилизација.

САД најостро го осудија атентатот врз поранешниот премиер на Пакистан Беназир Буто. Американскиот претседател побара одговорните да бидат изведени пред правдата. „САД најостро го осудуват овој кукавички акт на крволочните екстремисти кои се обидуваат да ја поткопаат демократијата во Пакистан“, рече Џорџ Буш.

XS
SM
MD
LG