Турската армија кажа дека воените авиони денес погодиле осум пештери и скривалишта употребувани од герилците на Курдистанската работничка партија (ПКК). Армијата вели дека ќе ја продолжи офанзивата против сепаратистите на ПКК во Турција и преку границата во северен Ирак.
Вчера турската армија соопшти дека убила 150 до 175 курдски бунтовници од средината на месецот, кога нивни авиони започнале со напади на ПКК преку границата. Таа вели дека во цифрата не се вклучени бунтовниците убиени во скривалиштата и пештерите.
Нема независни извештаи за потврда на бунтовничките жртви.
Исто така вчера. Турската армија кажа дека трупите убиле петмина бунтовници на ПКК во битка во југоисточна Турција во близина на ирачката граница.