Во продавниците ширум земјата – бројките ја кажуваат приказната. Цените се намалени за 10, 25, 40 - дури и 50 проценти. Како и тоа да не е доволно, некои продавници даваат дополнителен попуст на самата каса, при плаќањето! Аналитичарот Венди Либман коментира:
- Не се работи само за поттикнување на шопинг во последен момент. Факт е дека сезоната беше тешка и сите го чувствуваат притисокот.
Со опаѓањето на купувачката за 14 проценти во споредба со лани, многу продавници отвораат порано, а подоцна затвораат. Дури, некои продавници кои не нудат попусти се` до по Божиќ, веќе најавија намалување на цените за играчките и електрониката.
Некои аналитичари велат дека потрошувачите ќе поразмислат двапати што да купат годинава поради подзабавената американска економија и загриженоста од зголемените цени за храна и бензин.
Неодамнешното истражување на кредитната организација Discover Financial Services покажа дека 40 проценти граѓани или не го почнале шопингот за празниците или пак не завршиле со купувањето. Последните денови пред празниците се круцијални за продавниците, што, судејќи според бројките, за возврат им дава шанса на трпеливите потрошувачи.