Линкови за пристапност

Папата повика на мир во светот


Папата Бенедикт порача дека токму најранливите членови на општеството – жените, децата и постарите лица – се најчести жртви на вооружените конфликти, тероризмот и насилството. Тој ги повика политичките лидери да покажат мудрост и храброст и да стават крај на судирите ширум светот. Бенедикт изрази надеж дека светлината на Христа ќе донесе утеха на оние кои живеат во сиромаштија, неправда и војна. Пораката беше пренесувана на телевизија и проследена со божиќна честитка на 60 различни јазици.

Американскиот претседател, пак, за Божиќ по телефон разговараше со десет членови на армијата од сите гранки на вооружените сили, стационирани во различни делови на светот, меѓу што и во Ирак и Авганистан. Портпаролот на Белата куќа Дана Перино вели дека Буш им порачал кажал дека е горд да служи како нивен врховен командант и дека ја цени нивната пожртвуваност како и пожртвуваноста на нивните семејства. Претседателот ќе ги мине божиќните празници во одморалиштето Кемп Дејвид во близина на Вашингтон, а новогодишните на својот ранч во Тексас.

XS
SM
MD
LG