Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен гувернер на Аризона Мајк Хакаби вели предизвикот е како да се упати политичка порака за празниците беа притоа да не се вонемират гласачите кои празнуваат:
- Сите ние имаме проблеми со тоа како да водиме кампања за време на Божиќ.
Затоа Хакаби се реши на празничен ТВ-спот чија целна група се гласачите-верници, кои му се потребни за победа. „Запомнете дека она што навистина е важно е прославата и раѓањето на Христос“, гласи рекламата.
Демократската сенаторка Хилари Клинтон која води меѓу демократските кандидати се реши на реклама што става акцент на нејзината политика – таа во неа меѓу Божиќните подароци го бара својот предлог-пакет за универзална здравствена заштита.
Директорот на вестите во Радио Ајова Кеј Хендерсон, кој веќе подолго време ја следи кампањата на кандидатите, како и нивните божиќни реклами, вели:
- Сакаат да се претстават на топол, фин начин, а всушност она што се случува во кампањата напати е без пардон.
Кандидатите од обете страни на политичкиот спектар се трудат да ја покажат својата сочувствителност и грижливост. Демократот Џон Едвардс во една реклама прокламира: „Кој говори во нивно име? Ние“! Републиканецот Руди Џулијани, пак, ветува „безбедна Америка, пониски даноци, безбедни граници, повеќе работни места“.
За сенаторот Барак Обама, кој е во тесна трка со Хилари Клинтон, Божиќ беше можност да одговори на обвинувањата дека не бил вистински христијански верник:
- Од моето семејство до вашето, јас, Барак Обама, ја одобрив оваа реклама и ви порачувам: среќен Божиќ, среќни празници.
Убавите зборови набрзо ќе ги зазмени жестока изборна борба на прелиминарниот циклус, што започнува со партиските изборни состаноци во сојузната држава Ајова уште на 3 јануари, па оние во Вајоминг на 5-ти, а на 8-ми истиот месец се прелиминарните избори во Њу Хемпшир.