Линкови за пристапност

Големо невреме во САД


Снежното невреме во централните и северозападни подрачја на САД однесе 11 животи.

Обилните снежни врнежи, голомразицата и маглата за време на викендот предизвикаа сообраќајни несреќи и прекин на електрична енергија и застој во и онака густиот авионски сообраќај за божиќните празници.

Само на аеродромот во Чикаго беа откажани 300 лета.

Националниот метеоролошки центар синоќа издаде предупредување за снежна бура во регионот на Големите Езера на границата со Kанада, со големи врнежи и ветришта во Минесота, Висконсин и Мичиген.

XS
SM
MD
LG