Линкови за пристапност

Сенатска тактика за спречување несакани именувања


Со традиционалниот церемонијален удар на чеканот, без ниту еден од неговите колеги присутни во салата, демократскиот сенатор Џим Веб вчера објави дека Сенатот заседава, а само неколку минути подоцна - ја заврши седницата.

Демократите ќе ја повторуваат церемонијата на секои два до три дена се` до 18-ти јануари, кога сенаторите се враќаат на работа по одморот за божиќните и новогодишни празници. Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Хари Рид ја примени истата несекојдневна политичка стратегија и во ноември кога Конгресот не работеше две недели за Денот на Благодарноста, со цел да го блокира уставното овластување на претседателот да може да именува кандидати на владини позиции без претходно одобрување од Сенатот кога тој не заседава поради празници. Неколку кандидати на претседателот Буш имаат потешкотии да добијат зелено светло од Сенатот, како предложениот началник за здравство и неколку лица на позиции во федералното судство.

XS
SM
MD
LG