Линкови за пристапност

Надворешната политика преку призма на претседателот


Сирија треба да дозволи процесот во Либан да успее, тоа е решението на Претседателот Буш за либанските политички проблеми. Либан е без претседател откако просирискиот Емил Лахуд во ноември го заврши мандатот. Оттогаш либанскиот парламент се обиде, но не успеа да избере нов.


Претседателот Буш имаше остри зборови за сирискиот претседател Башар ал-Асад.


-Моето трпение за претседателот Асад одамна мина. Причина за тоа што му пружа дом на Хамас, што го овозможува Хезболах и што самоубијци оттаму напаѓаат во Ирак и го дестабилизираат Либан.

Американците наскоро ќе го видат рускиот претседател Владимир Путин на насловната страница на магазинот Тајм како избор за лице на годината. Претседателот кажа дека верува дека титулата му е дадена заради консеквентното национално лидерство.



-Но прашањето е - какво консеквентно лидерство? Како ќе изгледа земјата по десет години? Се надевам дека Русија ќе сфати дека мора да има контролен механизам и дека вредностите засновани на човековите права и човечко достоинство водат кон подобра држава.

За Ирак – претседателот препорачува трпение.


Демократите на овој план ја изгубија битката. Конгресот одобри средства за воените операции, без нивно поврзување со рок за повлекување.

XS
SM
MD
LG