Линкови за пристапност

Буш со пофалби, но и критики до Конгресот за серија усвоени легислативи


На прес-конференцијата во Белата куќа, Буш истакна дека прв приоритет на Конгресот во 2008-ма треба да биде легислативата што овозможува континуирано надгледување на комуникациите на осомничените терористи. Сегашната легислатива, чиј рок истекува во февруари, им` овозможува на американските разузнавачки агенции да вршат мониторинг на телефонските разговори на осомничените терористи без претходна дозвола од суд, во случаи кога едниот од учесниците во разговорот е надвор од САД.

Буш го поздрави Конгресот и за други постигнувања, како одлуката против зголемувањето на даноците за средната класа Американци, потоа финансиската помош за одредени групи сопственици на домови со оглед на кризата во индустрјата за домување и креитната индустрија, како и усвојувањето на Законот за енергија, кој Буш го потпиша во средата.

Сепак, тој рече дека е незадоволен што законодавците усвоија масовна буџетска мерка во која се вклучени илјадници фондови за разни проекти. Тој рече дека му дал инструкции на неговиот буџетски директор да разгледа што може да се с тори во врска со ова, како што го нарече, расипничко трошење.

XS
SM
MD
LG